- Со миксер пенесто изматете го путерот со шеќерот,  додадете јајца, продолжете да матите и кога ќе се изедначи смесата додадете ги брашното и пецивото. Во друг сад добро измешајте ги топлата вода и какаото (да не останат грутчиња), ставете кај смесата со брашното, додадете чоколадните капки, измешајте. Подметачите ставете во модлите за мафини и полнете ги до 2/3 - печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 мин.

Филот
- Во сад ставете ги вишните, водата и шеќерот, нека варат кратко време. Во друг сад со малку вода растворете го густинот, додадете кај вишните - доварете го сосот. Вишните малку додека се варат згмечете ги.
- Оладените мафини издлабете ги на средината со ноже или специјалното помагало за тоа - наполнете ги мафините.
За прекривање - декорацијата
- Ставете павлаката во сад да се загрева, но не и да проврие, додадете во неа искршеното чоколадо - бркајте постојано додека чоколадата се растопи, оставете до потполно оладување. Потоа оладениот фил со миксер сматете, потоа полнете во дресинг кесата и декорирајте.
Вкусни мафините - освежителни.
НАПОМЕНА
- Наместо вишни - идеални се и со малини.
- Јас прво ја приготвувам павлаката и чоколадата па додека се ладат истовремено и павлаката, го спремам филот за полнење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани