27
авг
2012
Полнети корнети со чоколаден крем
Се топи чоколадото измешано со какаото и водата. Се остава малку да се излади. За тоа време се мати маргаринот со прав шеќерот, да добиете пенеста смеса. Може да додадете и екстракт од чоколадо или ванила, па се меша и му се додава полека чоколадото, со постојано матење со миксерот. Се остава филот да се стегне малку во фрижидер. Потоа се полни во готварски шприц и со него се полнат корнетчињата. По желба може да се натопат врвовите од корнетите во топено чоколадо, па да се налепат со сечкани фстаци, ореви, лешници и сл.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
чудно ми е....не дека нема да јадам, ама ако ги правам какаото лета одма :) :) :) :)
Инаку Клара, ја ги имав купено од маркет овие корнетчиња. Дали од тинекс или веро навистина не се сеќавам.
@Лудо - не сум помислила на тоа, но мислам дека какаото дава како мала цврстина на смесата. Што знам, можеби си и ти во право, немам пробано без какао, па кога ќе се обидам така ќе ти кажам искуство.