Полнети кифлички-машнички
Вкусни, убави кифлички.
Прво во млаката вода се ставаат половина од шеќерот, малку брашно и квасецот да се активира.
Потоа постепено се додаваат течните состојки.
Се промешува убаво па се додаваат остатокот од шеќер, сол, брашното.
Се замесува тесто понамеко.
Се покрива со најлонска чиста кеса и нека кисни 45 минути.
Потоа тестото се дели на 25-30 топчиња.
Секое топче се расукува во големина на мало тањирче, се става парче шунка и кашкавал, краевите се завиткуваат навнатре и се формира ролатче.
На двата краеви се засекуваат со ножица.
Се редат во ростер тава за печење, киснат 30 минути, се премачкуваат со јајце и се печат на 200 степени околу 25 минути.
Сервирајте со јогурт и уживајте во убавиот вкус.
Лиценца: Сите права се задржани