27
јун
2021
Кифли машнички
Вкусни, декоративни и едноставни за правење се овие кифлички.
Подготовка:
1. Се става квасецот со малку млеко, брашно и шеќер да стои за да се активира. Потоа во длабок сад се става киселото млеко, благото млеко, надојдениот квасец, маслото, шеќерот и солта и се замесува тесто со постепено додавање на брашното. Се меси убаво и се остава тестото да одмори .
2. Се премесува тестото и се кинат топчиња и се праваат машнички, кифлички, топчиња. Било каква форма. Се ставаат во намрсен плех се премачкуваат со јајце и поросуваат со семки и се оставаат да одморат 20мин.
3.Се печат на 200С-30мин. Се премачкуваат со масло.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани