Полжави од јачменово и бело брашно
Вкусни полжавчиња, овој пат пробани со јачменово и бело брашно.
Сите задоволни од појадокот комбиниран со чаша јогурт.
Во млакото млеко се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно. Убаво се промешува. Нека одстои 10 минути.
Потоа во вангличката се додаваат останатите состојки.
Се замесува средно тесто.
до колку тестото лепи се додава уште бело брашно.
Нека се одмори 15 минути.
Сега во еден сад се соединуваат сите состојки за филот.
Потоа се сучи кора танка околу 5 мм
Врз неа се распоредува претходно спремениот фил.
Се премачкува убаво, се завиткува ролат, се сечи на парчиња со дебелина од околу 1 цм, се редат на хартија за печење во плех или во калап за мафини.
Се премачкуваат со изматено јајце, се солат со сусам и се печат околу 25 минути на 200 степени.
Излегуваат 20-24 полжавчиња.
Лиценца: Сите права се задржани