Веќе имате рецепти за поховање на карфиолот. Останува да се подпече, а јас предлагам вака
- Похованиот карфиол ставете го во садот кој сте го избрале за да го спремите.
- Брашното и зејтинот измешајте ги заедно - ќе добиете житка смеса, нема грудчиња, додадете солта, биберот и мускатното оревче на вкус.
- Бешамел сосот: на 100 мл. зејтин, прво се пржи брашното, но да остане светло, па потоа се става во зовриеното млеко
- Ставете во касеролата млекото да зоврие - тргнете настрана и тогаш додадете ја смесата од брашното, вратете на ринглата малку да се вари (1-2 мин) додајте го пармезанот, измешајте и залијте со сосот карфиолот. Ставете во загреана рерна да се подпечи.
Сервирајте и уживајте. Подеднакво е добро и топло и ладно.

Напомена
- количината на млекото можете да ја зголемите - зависи колку густ сакате да биде сосот. Можете да посипете со пармезан исто така одозгора врз сосот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани