18
окт
2019
Подпечен карфиол со сланина
Карфиолот поделете го на цветови и сварете го.
Кромидот ситно исечете го ставете во тавче да се пржи. Сланината исечете ја на ленти и додајте кај кромидот да се попржи малку, само да замириса.
Карфиолот наредете го во тава за печење, попрскајте со масло за готвење, посолете, додајте сув зеленчук и црвен пипер. Пржените сланина и кромид наредете ги врз карфиол, ставете златна мешавина.
Јајцата изматете ги, додајте крем за готвење, додајте зачини и истурете врз карфиол.
Одозгора изрендајте кашкавал и посипете со магдонос.
Печете во рерна на 250 степени 30 минути.
Добар апетит!