Подварок на поинаков начин
Ситно се сецка кромидот, се сече на парчиња(коцки) сланината, се дроби зелката. На масло во тенџерето се пропржува кромидот се додава сланината, се пропржува неколку минути, се додава издробената зелка, се додава мешан зеленчук, 1 лажица буковска сол, црн пипер, се налева со вода.
Во едно филџанче се разматува 1 лажица брашно и се додава во тенџерето. Се вари додека да омекне зелката и сланината околу 45 минути. Пред крај се попарува со црвен пипер запржен на масло за јадење и се остава да се повари уште 10 минути. Добар апетит. (Варијанта на подварок со сланина само потечен).
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови