14
ное
2014
Погачки со ленено семе
Квасецот се става во топло млеко и шеќер и се остава да стаса. Со стасаниот квасец се замесува тесто од брашното, лененото семе, солта и зејтинот и се остава да стаса-да се одмори.
Од стасаното тесто се зема во рака се формира погачка и се редат во подмачкан плех. На секоја погачка се засекува по 2-3 цртички и над секое парче се става маргарин. Стасани погачките се печат околу 30 минути на 180 степени. Тестото е многу вкусно со мирис на лен, а и бојата станува како да се од интегрално брашно.
Лиценца: Сите права се задржани