15
мар
2015
Погачици од ржано и бело брашно со ленено семе
Во млаката вода се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно.
Се промешува и нека одстои 10 минути.
Потоа во вангличката се додаваат маслиновото масло, ленот, солта и двата вида на брашно.
Треба тестото да биде понамеко замесено.
Се покрива со чиста крпа и нека кисни 30 минути.
Потоа се дели тестото на 8 дела. Се формираат погачици и се редат во набрашнет плех.
Киснат уште 20 минути и се печат околу 25 минути на 190 степени.
Одлични за убав доручек со додатоци по ваш вкус.
Лиценца: Сите права се задржани