Погача Вртелешка
1. Од брашното, квасецот, солта, шеќерот, благото и киселото млеко замесуваме тесто. Го оставаме да нарасне.
2. Откако ќе нарасни го делиме на 10 дела.
3. Секој дел го размесуваме со оклагија во големина на мала чинија. Премачкуваме со малку маргарин и ги редиме една врз друга. За премачкувањето треба да се потроши половина маргарин.
4. На набрашнета површина расукуваме кора. Од крајот на кората сечиме во форма на затворена кружна лента околу 3 цм. Кругот кој ни остана во внатрешноста го делиме на 16 еднакви дела. Од секој дел виткаме фишеци само по едната страна на парчето.
5. Тенџере бр. 30 го прамачкуваме со маргарин. Во него ги ставаме фишеците со широкиот крај кон надвор.
6. Кружната лента која ја оставивме на почетокот ја делиме на 6 еднакви дела. Секој дел го виткаме како ролат. Ролатчињата ги ставаме на средината во тенџерето.
7. Погачата ја оставаме да нарасни.
8. Јајцето го маткаме и ја премачкуваме погачата. Наросуваме со сусам. Печиме на 180 степени 20 минути и 20 минути на 150 степени.
Се надевам дека добро го објаснив начинот на подготовка на оваа погача. Погледнете ги фотографиите и ќе ви биде појасно. Погачата беше многу вкусна и мека.
Лиценца: Сите права се задржани