Погача “ Цвет“
1. Во млакото млеко се става квасецот и шекерот да нарасне. Се додава брашното, зејтинот, јајцата и солта и се замесува тесто. Се покрива со чиста крпа и се остава на топло, 30 мин.,да нарасне. Нараснатото тесто се премесува и се прави како векна, па се дели на пола. Од едната половина се одделува едно мало парче за средината на цветот.
2. Поголемиот дел се дели на пет дела, секој дел се премесува и се развива во мала кора(нека е голема колку тавчето во кое ке се пече). Само петата кора е нешто поширока. Секоја кора се премачкува со маргаринот и се реди една врз друга. Најголемата се става најгоре. Краевите на петата кора се подвиткуваат одоздола. Потоа ова погачка се пренесува во намастено и со брашно посипано тавче(ако е Делимано или силиконско нема потреба од ова).Со остар нож се сече на осум дела, но не скроз до ивицата, туку се остава околу еден сантиметар од крајот на погачата. Се повлекува секое парче од среината према работ.
3. Истата постапка се повторува и со помалото парче и се става во средината на тавчето. Исто и ова се сече на осмини, водејки сметка за сечењето, кога ќе се разлиста секое парче да дојде на средината на предходното.
4. Најмалиот дел од тестото се обликува во топче и се става во средината на погачата.
5. Се премачкува со двете измешаната жолчка со млеко. Средината се посипува со мак или ленено семе, а околните латици со сусам. Се покрива со крпа и се остава да скисне додека се загрее рерната.
6. Се пече погачата на 200 ст.С десет минути, потоа се прекрива со пекпапир, се намалува температурата на 180 ст. и се пече уште 20 мин. Се трга хартијата и се пече уште 6-7 мин.(ова е зависно од вашата рерна, па може да трае и подолго).
Испечената погача се вади, се прекрива со чиста крпа и се остава малку да се излади.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ова ми беше комплимент порано кога појма немав каде ми е шпоретот :) :) :) :)