Погача Тена
Ова е старинска погача. Мајка ми одамна го има рецептот од пријателка која пак го наследила од мајка и. Не е тешка за подготовка. Вкусна е, се топи во уста.
Чекор 1
Во малку топло млеко заедно со шеќерот стасува квасецот. Од сите состојки се замесува меко тесто. Тестото се дели на три еднакви дела кои се формираат како ролни. Од ролните се сечат топчиња. Топчињата се сплескуваат.
Чекор 2
Се стопува маргаринот и се меша со маслото да бидат млаки. Секое сплескано топче се потопува во смешата од маргарин и масло и се редат во класично тенџере едно врз друго за да се затвори еден круг. Во средината се ставаат три сплескани топчиња кои малку сме ги издолжиле.
Чекор 3
Се посипува погачата со сусам во количина по желба. Се пече на 170 степени додека не порумени и не се одвои од краевите на тенџерето.
За жал, слики од формирање на погачата немам затоа што немаше кој да слика. Во следна прилика обавезно.
Уживајте во викенд доручекот или украсете ја трпезата за Новогодишните празници!
Лиценца: Сите права се задржани