Плескавици со тиквички и три врсти на сирење
Плескавици со одличен вкус и мирис кој додека се шири од рерната ги привлекува сите членови на семејството и им дава знак дека нешто добро ќе се јаде денес. Сакате направете си ги за ручек, ама се одлични и како апетитно мезе.
Подготовка
1. Тиквичката ја рендаме, ја оставаме да се цеди, па ја стискаме со раце, добро да излезе течноста од нејзе.
2. Во брашното ги ставаме пецивото и ладниот путер, мешаме да се соединат. Јас овој дел го правам со раце, а може и со миксер. Треба да добиеме трошкасто тесто.
3. Ги додаваме сирењата и останатите состојки и замесуваме тесто додавајќи го постепено млекото.
4. Со лажица за сладолед вадиме топки и ги ставаме на хартија за печење или на Делимано тава намрсена со 2-3 капки масло.
5. Печеме во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути или додека да поруменат.
Забелешка
Не ја отворајте рерната додека се печат.
Шољата е од 250 мл или 1 cup.
Лиценца: Сите права се задржани