14
сеп
2015
Плескавици полнети со мешан зеленчук
Растворете ја Фант вреќичката со 70мл. млака вода и оставете да отстои неколку минути.
Во сад ставете го меленото месо и додајте ја отстоената смеса Фант.
Зеленчукот ставете го да се потсвари, а потоа убаво исцедете го и пропржете го сосема кратко со путерот.
Земете од смесата со мелено месо и формирајте плескавица.
Во средината ставете од зеленчукот и поклопете со уште малку од смесата. Обликувајте ги плескавиците и пржете ги на загреано масло.
Послужете ги со пржени компирчиња.
Лиценца: Сите права се задржани