Плескавици полнети со мешан зеленчук
Состојки
- 500гр. мешано мелено месо(свинско и телешко)
- 1 кесичка фант за ќебапчиња и плескавици
- 150гр, мешан смрзнат зеленчук (компир, морков, грашок, боранија, домат, карфиол, тиквичка, грав, кељ, целер, праз, кромид, спанќ, босилек магдонос)
- 1 мала неполна лажичка путер
- Додаток
- пржени компирчиња
Подготовка
Растворете ја Фант вреќичката со 70мл. млака вода и оставете да отстои неколку минути.
Во сад ставете го меленото месо и додајте ја отстоената смеса Фант.
Зеленчукот ставете го да се потсвари, а потоа убаво исцедете го и пропржете го сосема кратко со путерот.
Земете од смесата со мелено месо и формирајте плескавица.
Во средината ставете од зеленчукот и поклопете со уште малку од смесата. Обликувајте ги плескавиците и пржете ги на загреано масло.
Послужете ги со пржени компирчиња.