Во урдата ставете јајце, брашно, гриз и измешајте. Од младото кромидче исечете го само зелениот дел и ставете во урдата. 50 гр чадена сланина исечете на коцки и ставете ја во урдата. Се' промешајте. Со натопени раце направете плескавици. Плескавиците завиткајте ги во сланина. Испржете ги плескавиците во загреано масло.
Многу се убави, пробајте.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани