Плескавици од туна (посно)
1. Сварените компири на коцки лесно се мешаат и се гмечат додека не се претворат во пире. (Најдобро е да се користи гмечалка бидејќи со миксер стануваат лепливи.)
2. Во пирето се додаваат туната, пченката, ситно сецканиот млад кромид и магдонос. Се додаваат лебни трошки и маслиново масло по потреба додека смесата не се соедини.
3. Од така добиената смеса се одделуваат топчиња (со големина која вас ви одговара) и се притиснуваат со рака за да се формира плескавица.
4. Плескавиците се валкаат во лебни трошки и се пржат во претходно загреано тавче премачкано со масло. Се превртуваат од двете страни додека не добијат убава боја.
Совет плус: При пржењето плескавиците не треба да бидат потопени целосно во масло бидејќи ќе се распаднат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови