
Плескавица од компир
- Исецкајте го кромидот на поситно и ставете на малку масло да се пржи до негово застаклување и кога рабовите ќе почнат сосема малку да ја менуваат бојата, со решетка лажица извадете да се исцеди.
 - Во веќе подготвеното пире додадете ги сите состојки, овкусете на сол, измешајте. Нека се добро спојат сите состојки. Од вас одредена големина вадете од пирето и на побрашнета површина формирајте сакате ќофте или плескавица, валкајте ги повторно во брашното и ставете на малку загреано масло да се пржат околу 4-5 мин. за кое време сте ги и превртеле.
 НАПОМЕНА
 - Ова можете да го подготвите и од пирето кое евентуално ви останало, јас го правам пирето така што го пасирам со преса сварениот компир, додавам на вкус и зависно од количината која ја приготвувам, млеко, путер - сето тоа го бркам на оган да се спојат млекото со пирето, да се стопи путерот, тргам на страна и тогаш го додавам јајцето, но постојано бркам. Понекогаш ставам и сирење или кашкавал во нив... но најповеќе ги сакаме вакви.
 - Ако ги правите од остаток од пирето - пожелно да го малку подгреете како би полесно работеле со него.
 - Ги валкам во пченкарно брашно.
 - Најчесто до нив стои некој сос на база на кисела павлака или јогурт, кисели краставички... што не значи дека не одговара сезонска салата.
Лиценца: Сите права се задржани























