Со еден збор превкусна,тортава се топи во уста.
Подлога
Во мелените бисквити го додаваме шеќерот во прав па сокот од портокал. Ги полеваме со растопен путер и ја месиме смесата со рака.
Смесата ја ставаме во калап со обрач бр 22.
Фил
Слатката павлака ја загреваме до пред вриење. Додаваме кршено на коцки млечно чоколадо и мешаме додека добиеме кремаста смеса.
Ги додаваме лешниците, бисквитите и кората од портокал. Убаво мешаме и смесата ја ставаме врз подлогата.
Тортата ја ставаме во фрижидер убаво да се олади барем 2-3 часа и потоа уживаме!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови