Плазма колач со ореви
Прекрасен, вкусен колач кој ќе ви го разнежни непцето.
Подготовка:
1. Изматете ги јајцата со шеќерот, да побелат, да згуснат. Додајте ги мелените ореви, брашното и пецивото и уште малку промешајте. Печете во плех помал од стандардниот што ви оди со рерната. Плехот премачкајте го со масло и набрашнете го. Се пече на 180 степени, петнаесетина минути.
2. За кремот, жолчките и шеќерот ставете ги на пареа, цело време мешајте, да се добие убав густ крем, отприлика десетина минути. Изладете го.
3. Убаво изматете го путерот, па додајте го кремот од жолчките. Изматете ја смесата, додајте ги оревите, сокот и мелената плазма и убаво измешајте, се да се спои.
4. Филот размачкајте го преку кората. Одозгора премачкајте го колачот со изматениот шлаг. Нека се стегни, стоејќи во фрижидер некое време, па можете да го послужите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови