Тесто за пица со млеко и јајце
Постојат многу рецепти за пица, но ова е мојата варијанта.
Во 100 мл вода со малку брашно и шеќер се става квасецот за да се активира. Кон него се додаваат сите останати состојки и се замесува средно меко тесто. Се остава да стаса и се дели на 5 дела (за плех бр.28 ова тесто се дели на 5 дела). Од секое се прави топче, се премачкува со зејтин и се покрива со најлон. Тестото се става во фрижидер.
Најдобро е да се размесат уште еднаш топчињата, ама ако не ви се чека толку, после стоење во фрижидер од половина час, тестото е спремно.
Од секое топче расукуваме пица со големина на тавата. Тестото го ставаме во тавата за печење(ако тавата е делимано не мора да се обложува со пек-хартија).
Сега ставаме 2 лажици доматно пире и размачкуваме насекаде, рендаме обилно кашкавал, редиме парчиња шунка и сечени печурки,наросуваме со оригано.Пицата ја печеме во загреана рерна(рерната ја вклучуваме кога почнуваме да ја расукуваме првата пица) на 250 степени околу 8 минути.
Епа на здравје.