
9
авг
2015
Пица-чиз мафини
Убаво изматете ги јајцата со миксер. Намалете на најмалата брзина и додадете ги најпрво јогуртот и маслото, потоа пецивото, брашното и нишестето. На крај додедете го изренданиот паризер и сирењата дробени, сецкани или рендани. Додадете го и ориганото и се убаво измешајте.
Од смесата полнете калапи за мафини, посипете ги со семињата и печете на 180С околу 20 мин. или малку повеќе зависно од рерната.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови