Испечати

Пица-чиз мафини

Пица-чиз мафини

Состојки

  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • 1 лажиче сол
  • 1 пак. прашок за пециво
  • 100 гр бело сирење
  • 50 гр жолто сирење (можи рендан пармезан во замена)
  • 50 гр паризер
  • 200 гр брашно
  • 20 гр нишесте
  • 1/2 лажиче оригано
  • За посипување - лен, сусам, сончоглед, семки од тиква

Подготовка

Убаво изматете ги јајцата со миксер. Намалете на најмалата брзина и додадете ги најпрво јогуртот и маслото, потоа пецивото, брашното и нишестето. На крај додедете го изренданиот паризер и сирењата дробени, сецкани или рендани. Додадете го и ориганото и се убаво измешајте.
Од смесата полнете калапи за мафини, посипете ги со семињата и печете на 180С околу 20 мин. или малку повеќе зависно од рерната.