Пица ролат
Многу вкусен ролат, релативно брзо се прави, а уште побрзо се јаде.
1.Во сад се ставаат брашното, жолчките, маслото, солта, оцетот и јогуртот. Претходно квасецот се раствора во филџан млака вода и малку шеќер и растворен се додава кај брашното. Се замесува меко тесто.
2. Тестото се дели на три дела и потоа од секој дел се сучи кора.
3. Филот го подготвуваме така што ги ренадаме шунката и кашкавалот, додаваме оригано и трите белки и убаво соединуваме.
4. Половина од путерот го топиме и секоја кора убаво ја мачкаме со путер па ја филуваме и виткаме ролат. Свитканите ролати се сечат на парчиња со големина која ви одговара. Ролатите се оставаат да стасуваат, па се премачкуваат со 1 изматено јајце и се наросуваат со сусам.На секое парче се става мала коцка путер.
5.Ролатите се печат на 180 степени околу 40 минути.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови