
29
авг
2019
Пица оризови галети во микробранова
Наредете ги оризовите галети во рамна чинија.
Врз секоја прво ставете и размачкајте кечап или доматно пире или сос по избор.
Во средината ставете тенко парче салама или сувомеснати по желба.
Изрендајте го кашкавалот ситно и посипете врз секое парче.
Во средината ставете половинка маслинка и поросете со оригано, а на рабовите по
малку сусам.
Ставете ги во микробранова на најсилно 2 минути.