Пица бурек
Многу баран појадок кај нас дома. Рецептот си го прилагодив по наш вкус.
Некогаш знам состојките во филот да ги мерам од око, но тогаш секогаш има по некој што не му се допаѓа или е премногу или е малку, а вака ни е баш по мерка Ч)
Најпрво ќе го подготвиме филот.
Во тава на оган со малку масло ќе го попржиме ситно сецканиот кромид додека да омекне, потоа си додаваме печурките и шунката попржуваме уште сосема малку и во тавата го додаваме и доматното пире. Го додаваме си сечканиот магданос и зачинуваме со сол и црн пипер. Оставаме да покрчка уште околу 5 минути. Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме настрана.
Во чаша ги мешаме маслото, водата и прашокот за печиво. Со ова смеса ќе ги попрскуваме корите.
Тавата за печење ја намастуваме со путер. Најпрво тават ја обложуваме со 3 до 4 кори а краевите на корите повеќе нека излегуваат од тава,потоа со нив ќе ги преклопиме останатите кори.ј
Останатите кори ги гужваме една по една ги ставаме во тавата за печење, најпрво секоја кора ја попрскуваме со смесата од масло, вода и прашок за печиво, а потоа а филуваме и се така додека не ги потрошите сите кори. Последната кора не се филува ,а со краевите од оние кори што ја обложивме тавата се преклопува целиот бурек.
Бурекот премачкајте го со жолчката и наросете го со мали парченца путер.
Печиме 25 до 30 минути на 180 степени или додека убаво не зарумени.
Откако ќе биде готов се остава малку да подизлади покриен со памучна крпа, а потоа се послужува топол.
Лиценца: Сите права се задржани
skoro isti sostojki imame , jas stedev ne staviv pecurki i pokraj toa sto mi bea na masa, ha, ha e sega dali na kalorii ili pari ne znam