2
јан
2019
Питулици со ајвар и маслинки (посно) е
Еве идеја за брз, посен и вкусен доручек.
Подготовка
1. Брашното и пецивото ги соединуваме во сад во кој ќе го замесиме тестото.
2. Ги додаваме солта, сечканите маслинки, маслиновото масло и ајварот.
3. Замесуваме меко тесто со киселата вода.
4. Го делиме на 8 парчиња и секое го расукуваме на брашно.
5. Ги печеме во нелепливо тавче на рингла кое го намрсуваме со неколку капки масло.
6. Питулиците ги печеме на една па ги превртуваме на друга страна.
Забелешка
Сол ставате по вкус, бидејќи ни се солени и маслинките.
Питулиците кога ќе ги расукуваме треба да ни се тенки, бидејќи нараснуваат од пецивото и треба да бидат во големина на тавчето во кое ќе ги печеме.