Уште една салата по идеја на мојот сопруг. Количинава што ви е напишана е од прилика, густината на салатата сами си ја правите по желба и со свој вкус на зачини.

Подготовка
1. Варените компири ги сечкаме на ситни коцки.
2. Празот и маслинките ги сечкаме на ситни парченца.
3. Сите состојки ги соединуваме, зачинуваме со бибер.
4. Може и сол да ставите ама тоа е веќе по вкус, зошто и маслинките се солени.

Забелешка
За да има малку киселкаст шмек може и ситно насечкани краставички да и ставите.