Питата е брза за подготовка, а одлична по вкус.
Прво во еден сад ги матиме јајцата со 1 лажичка сол. Го додаваме киселото млеко, брашното, пецивото и зејтинот. Се заедно мешаме и со оваа смеса ќе ги премачкуваме корите.
Земаме една кора и ставаме од неа од смесата за премачкување и насекаде премачкуваме. Врз неа ставме втора кора и пак од смесата премачкуваме насекаде. Одозгора ставаме рендана шунка и рендан кашкавал. Замотуваме ролат и го ставаме на пек-хартија. Истата постапка ја повторуваме и со останатите кори. Добиваме 6 ролатчиња од по 2 кори. Ги сечиме ролатите на 5 сантиметри должина .Одозгора ги премачкуваме со малку зејтин, поросуваме со сусам и ја печеме питата на 180-200 степени околу 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови