Последното црвено зелче од бурето со расол го искористив вака.
Уживавмееее

1. Прво го подготвуваме филот- Во тава ставаме масло и малку свинска маст. Ја додаваме ситно сецканата зелка и пржиме на тивок оган околу 45 минути. Го додаваме и празот да се испржи. Тргаме од оган и го додаваме јајцето и урдата. Соединуваме убаво.

2. Во сад ги ставаме квасецот, топлото млеко, шеќерот, лажиче брашно и промешуваме. Оставаме 5 минути да запени. Потоа во садот ги додаваме солта, маслото, киселата вода, јајцето. Промешуваме и постепено додаваме брашно. Замесуваме меко тесто, кое одма го делиме на 6 топчиња. Секое топче го расукуваме во мала кора.
3. Четири кори ги премачкуваме танко со свинска маст. Редиме 2 купчиња, значи на 2 места по 3 кори.
Од првото купче сукаме кора, која ја поставуваме во голема тава. Врз неа го нанесуваме подготвениот фил. Израмнуваме. И од второто купче сукаме кора, која ја поставуваме врз филот. Правиме витка на питата. Ја премачкуваме со јајце и наросуваме сусам
4. Сега ја вклучуваме рерната да се загрее За тоа време питата нека стои на топло место
Печеме околу 30 минути.

Сервираме со чаша јогурт

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани