Пита со фил од црвена кисела зелка, праз и урда
Состојки
- тесто
- 20гр свеж квасец
- 1/2лажиче шеќер
- 1лажиче сол
- 1лажица масло
- 1 јајце
- 150мл млеко
- 80мл кисела вода
- Околу 400 гр брашно
- фил
- 1 црвено, кисело зелче
- 1 страк праз
- 1 јајце
- 100гр урда
- Сол, бибер, масло, малку свинска маст
- јајце и сусам за премачкување
- 1лажица свинска маст за коричките
Подготовка
Последното црвено зелче од бурето со расол го искористив вака.
Уживавмееее
1. Прво го подготвуваме филот- Во тава ставаме масло и малку свинска маст. Ја додаваме ситно сецканата зелка и пржиме на тивок оган околу 45 минути. Го додаваме и празот да се испржи. Тргаме од оган и го додаваме јајцето и урдата. Соединуваме убаво.
2. Во сад ги ставаме квасецот, топлото млеко, шеќерот, лажиче брашно и промешуваме. Оставаме 5 минути да запени. Потоа во садот ги додаваме солта, маслото, киселата вода, јајцето. Промешуваме и постепено додаваме брашно. Замесуваме меко тесто, кое одма го делиме на 6 топчиња. Секое топче го расукуваме во мала кора.
3. Четири кори ги премачкуваме танко со свинска маст. Редиме 2 купчиња, значи на 2 места по 3 кори.
Од првото купче сукаме кора, која ја поставуваме во голема тава. Врз неа го нанесуваме подготвениот фил. Израмнуваме. И од второто купче сукаме кора, која ја поставуваме врз филот. Правиме витка на питата. Ја премачкуваме со јајце и наросуваме сусам
4. Сега ја вклучуваме рерната да се загрее За тоа време питата нека стои на топло место
Печеме околу 30 минути.
Сервираме со чаша јогурт