Пита со фил од пире од тиква
Тиквата во мојот дом се готви многу често. Знам да си ја сварам на пареа и да имам во наредните два до три дена и да користам за подготовка на различни рецепти. Еве уште еден брз рецепт за едноставна вкусна пита...
Тиквата која предходно сме ја свариле ќе ја испасираме и доколку ја нема потребната блажина додадете си шеќер по желба. Во пирето додадете си зачини кои вам ви се допаѓаат јас си ставив само ванила и малку мелени ореви.
Корите ги попрскуваме со мaсло и посолуваме со мешавината од сусам и лебни трошки. Целата постапка ја повторуваме на сите три кори на последната кора на почетокот го ставаме филот од тиква, мотаме ролат.
Ролатите со силиконска четкичка ги премачкувам со зејтин и ги сечеме. Печеме на 200степени околу половина час. Изладените ролати посолете ги со шеќер во прав и послужете.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани