Пита со пиперки и биено сирење
Ем убава, ем брзинска, ем без месење е таква е оваа пита. Со вкус на потпечено биено сиренце во комбинација со печени пиперки. Совршена комбинација за овој период од годината и супер идеја за вкусен доручек или вечера или супер мезе за ненајавени гости. Подготовката е следна.
1. Во подлабок сад ставете квасец со млака вода. Убаво растворете го да не останат грутчиња. Додајте сол, шеќер и масло. И на крај постепено додавајте го брашното. Треба да добиете меко лепливо тесто кое се тегне. Со лажица убаво промешајте ја смесата да се соедини. Покријте го садот со кујнска крпа и оставете тестото да нарасне околу 20 мин.
2. Испечените зелени и црвени пиперки исечете ги на долгнавести тенки лентички, а биеното сиренце на тенки парченца. Јас сакам кога парченцата се поголеми ( (и затоа не го рендам сирењето) зошто кога на крај ќе се потпече питата тие се крцкави и мирисни. Вие кој како милува.
3. Нараснатото тесто рамномерно нанесете го во тава за печење бр 26. Врз тестото ставете ги лентите исечени пиперки и биеното сирење. Јајцата изматете ги, зачинете ги по вкус и со нив прелијте ја питата. Наросете сусам и печете на загреана рерна на 180-200 степени 20-тина минути односно додека питата не фаи убава златно-жолта коричка. Оставете кратко да се излади и сечете парчиња по желба
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови