Вкусна пита одлично вклопена во хроно исхраната за периодот на вонрестрикција. Можете да ја направите и од други врсти на дозволени брашна.

Подготовка
1. Го замесуваме тестото со кисела вода и го оставаме во фрижидер, завиткано во најлонска фолија да отстои иколу 20 минути. За тоа време го подготвуваме филот за питата.
2. Го сечкаме младиот кромид и го упржуваме на масло да омекне. Ги додаваме пелатите и вариме со промешување додека да се згусне и испари дел од течноста што ја содржат. При крајот на варењето ги додаваме зачините.
3. Во друго тенџере го подготвуваме бешамелот. Путерот го растопуваме па го додаваме брашното па и него го упржуваме. Ја додаваме постепено павлаката која ни е на собна температура, со постојано мешање, за да не ни се направат грутки. Продолжуваме со мешање додека да згусне, на крајот ги додаваме зачините, промешуваме. Во бешамелот го додаваме дробеното сирење, соединуваме.
4. Тестото го расукуваме тенко, да ни биде за 5 см поширок кругот од тавче бр. 26, за да го преклопиме откако ќе го ставиме филот. Го ставаме бешамелот со сирење, па врз него филот од пелати. Малу промешуваме на горната страна, па го преклопуваме тестото од надвор кон внатре.
5. Ја ставаме да се пече на 200 степени во загреана рерна.