Пита со палента
Палентата се вари на вообичаен начин според упатството.
Во подлабок сад се ставаат брашното и пецивото, а потоа се додаваат маста, јајцето и павлаката. Се замесува тесто кое ќе добие ронлива структура. Една рака од тестото се остава на страна, а другото тесто се наплескува во подмачкана тепсија.
фил
Кромидот ситно се сецка и се пржи. Се додава месото и тоа се пропржува и се зачинува со зачин и црн бибер.
Над тестото во тавата се истура доматното пире и убаво се размачкува со четка. Над пирето се реди филот од меленото месо и се посипува со сувиот босилек. Ако не ви се допаѓа босилек може да го замените со оригано или зачин по свој вкус.
Преостанатото тесто се меша со сирењето,се меси и се трие низ раце врз питата. Се пече околу 25 минути на 180 степени.
Лиценца: Сите права се задржани