Пита со компир и сланина
Лесна за подготовка, вкусна и крцкава.
1. Компирите ставете ги да се варат, а откако ќе се сварат исечкајте ги на ситни коцки.
Исто така и кромидот исечкајте го и ставете го во тава на умерен оган да омекне, па додадете го исечканиот компир, мешајте додека да се пропржат и зачинете.
2. За преливот соединете ги јајцата, млекото, маслото, пецивото и солта.
3. Две кори згужвајте ги и ставете ги на дното на намрсена тава со број 26 и премачкајте ги со подготвениот прелив. Преостанатите кори, секоја посебно, премачкајте ги со масло, распоредете од испржените компири со кромид и виткајте ролати. Секој ролат пресечете го на 6 еднакви делови и редете ги исправени во тавата.
4. Откако ќе ги наредите сите делови, одозгора прелијте ја питата со подготвениот прелив и распоредета ја ситно сецканата чадена сланина.
Печете на 200 степени околу 30 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови