15
мар
2013
Ражнич од компир и сланина
Компирите се лупат, мијат се сечат на кругови со околу 4мм. Сланината ја сечеме на коцки со големина колку кругот на компирот. Најдобро користете компири подолгнвести да не се крупни. Компирот малку насолете го со мешавина од зачини и бибер, но не многу бидејки и сланината е солена. Земете стапчиња за ражничи редете едно парче компир, па едно парче сланина, пак компир и така да завршите со компир. Земете алуминска фолија и замотајте го секое парче посебно. Наредете ги во плех и печете на 200С околу 1 час но проверете ги и порано со отварање малку на фолијата и пак затворете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови