Замесете тесто
Белото брашно и пченкарното брашно измешајте го, додајте пециво, јогурт, јајце, зејтин и замесете тесто. Тестото ќе биде жолта боја. Оставете го 30 минути во фриждер.

За зелените листови на пченката
Во брашното додајте изблендиран спанаќ, пециво, јогурт и замесете тесто.
Зелката испржете ја со печурките.
Во жолтото тесто ставете фил од зелка и затворете. Направете форма на пченка. Од зелено тесто направете листови. Ставете ги на пченката. Со нож малку засечете квадратчиња. Намачкајте со јајце и наросете со сусам.
Ставете во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути.
Многу убава и декоративна пита.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани