Ако вашето семејство е бројно како што е моето, па и ако ви дојдат драги гости на поседок, оваа пита е идеална за појадок.
Питава излегува количински многу, ама и заситува. Со спојот на кори и пченкарно брашно се добива вкусна лисната пита со вкус на проја која мене лично многу ми се допаѓа.

Подготовка
1. Јајцата ги матиме со вилушка и во нив ги додаваме течните состојки.
2. Сувите состојки ги мешаме во еден сад, па со миксер ги сосединуваме течните во сувите. На крајот го додаваме ренданото сирење или пак урда.
3. На намрсена тава редиме кора, па фил, па кора и така додека да се потроши целиот материјал. Кашата за премачкување ја истураме на секоја кора со кутлача и со помош на четка ја распоредуваме насекаде по кората.
4. Последната кора ја премачкуваме со разматено јајце и посипуваме со сусам.
5. Печеме на 200 степени околу 30 минути или додека да поцрвени.

Забелешка
Ја користев тавата што ми од рерната, т.е најголемата што ја имам дома, а чија големина ми одговараше и со големината на корите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани