Пита од готови кори и грав
Со жица за матење убаво се мешаат состојките за премачкување.
Гравот заедно со кромидот цел и маслиновото масло се вари.
Пред крај се додаваат зачините.
Тавата за печење убаво се намастува и се ставаат по 3-4 кори и секоја се премачкува со смесата за премачкување. На 3та или 4та кора (зависно колку имате на број за да направите 3 слоја со фил од грав) се става, распоредува од варениот грав. Гравот се зема со лажица црпалка и благо се одцедува од водата (малку вода можи да останува, не мора да се само зрната). Таа кора не се премачкува со смесата за премачкување.
Се завршува со последните 3-4 кори после последниот фил од грав и најгоре последната кора се премачкува со останатата смеса за премачување.
Се печи во загреана рерна од 180-200С, некој половина час или малку повеќе, зависно од рерната, т.е. додека не порумени убаво одозгора.