![Пирошки од палачинки со кашкавал и пеперона салама](https://moirecepti.mk/content/uploads/2019/10/-%d0%be%d0%b4-%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%87%d0%b8%d0%bd%d0%ba%d0%b8-2-MG_20190223_1052541-68d718-800x800.jpg)
11
окт
2019
Пирошки од палачинки со кашкавал и пеперона салама
Подготовка
Палачинките подгответе ги по сопствен рецепт или со 2 јајцa, 500 мл млеко,12-13 лажици брашно, 2-3 лажици масло и прстофат сол. Густината ќе си ја дотерате сами, со повеќе или помалку брашно. Ги пржиме во загреано намаслено тавче. На секоја палачинка ставаме 2-3 тенки парчиња салама пеперона и парче кашкавал. Ги затвораме. Ги валкаме во разматено јајце и во сува смеса составена од лебни трошки, црвен пипер и мешан сув зачин. Ги пржиме во тава во која имаме масло додека да ни поцрвенат.
Забелешка
Доколку сакате може да ги подготвите и пикантни, да додадете чили во смесата за валкање.