Го поставувам оригинал рецептот кој го имам од многу одамна - го имаше во трговијата оцетот Сегестица, а како рекламен материјал го проследуваше и брошурка со рецепти. Прекрасен рецепт, точни состојките до милиграм кои и го чинат овој рецепт да е секогаш успешен, а пиперките спремани на овој начин се мошне вкусни.

Подготовка

1. Се мијат гамбите или рогатиот пипер, им се сечат рачките и со игла се набоцкуваат на неколку места.
2. На оган се става тенџерето со измешанит состојки за саламурата, да зоврие.
3. Во зовриената саламура се ставаат подготвените пиперки, се барат околу 10 минути (а тоа зависи од самата дебелина на пиперката, ако е потенка тогаш времето е пократко) се барат колку да омекнат, се вадат во сад со решеткаста лажица.
4. Откако сите пиперки се барени, се редат во тегла, се заливаат со топлата саламура, се затвараат со капачките.
Понатаму на вас ви останува само да се воодушевувате, сте успеале и сте спремале одлични пиперки.
Да ви е слатко!!! Се јадат во друштво..))))
Секогаш спремам од половина доза предвидена во самиот рецепт, доколку ви се чини дека е многу...направете како мене, на половина доза!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани