Пиперки со морков
Ова е еден од поубавите рецепти за зимница кој не само што е вкусен и декоративен туку е и здрав.
Пиперките се мијат и чистат од семето и рачките. Се подпргавуваат на рингла и се оставаат да се оладат.
Морковот се мие, чисти и се ренда на покрупната страна на рендето. Во него се истура зејтинот, се посолува и закиселува по вкус. Се додава и шеќер и конзерванс и се убаво се меша. Се остава да одседи 3-4 часа, а потоа се полнат пиперките. Одкако ќе се наполнат, се редат во тегли со отворот свртени нагоре, а помеѓу пиперките се става сецкан лук и магдонос. Одкако ќе се наполнат теглите се преливаат со течноста од морковот и се затвараат.
Јас по наш вкус ставам пола филџан ексенција, една шака сол и една шака шеќер, но секој може по свој вкус.
Можеби количината на зејтин ви изгледа многу, но не е така плус витаминот А е мрсен и за да се искористи од морковот мора да се комбинира со зејтин, така најдобро се искористува.
Рецептот е добар, а за хранливоста толку од мене, нека се јават тука со коментар постручни лица.
Салатата е доста декоративна кога се сече на тркалца или пак ако се гамби на 4 дела.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела