Пиперки салата во тегла
Овој начин на подготовка на пиперките е лесен, не одзема многу време, а е идеален за зимскиот период. Во комбинација со Тавче гравче е одлично.
Пиперките се сечат на кругови во секое тегло се додава по 3-4 зрна бибер во зрно, парче кромид, 1 чешне лук, 1 лажичка сол, 80 гр алкохолен оцет се става на тегла, и остатокот се дополнува со вода. Се затвора убаво и ставаат теглите во рерна на 150 степени 40 минути и потоа се редат во останатата зимница. Јас напишав 1 кг пиперки колку да не стои празен делот за состојки, инаку си правам одприлика бидејќи на едно тегло оди 80 гр оцет, сите мерки се за 1 тегла и не може никако да се промаши за да не успее рецептот.
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
fala devojki :)