25
апр
2021
Пилешко со печурки
Едноставен и брз оброк, богат со протеини.
1. Месото го сечеме на мали парчиња. Печурките измиени ги сечеме на половина.
2. Во тава на зејтин го запржуваме месото 5 минути. Ги додаваме печурките. Посолуваме, додаваме зачин од сушен зеленчук. Мешаме и полеваме со вино. Ја поклопуваме тавата и оставаме течноста да испари, околу 20 минути.
Оброкот може да се служи со салата или со некој друг прилог по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови