Подготовка:

1. Го запржуваме кромидот кој го исековме на мали парчиња. Кога ќе ја добие стаклената боја, го додаваме месото исецкано на коцки. Оставаме да се пропржи, зачинувајќи го. Додаваме соја сос.
2. Оставаме да покрчка 2 до 3 минути, па потоа во кацеролата додаваме сецкани, на ситни китчиња, карфиол и моркови, сечкани на тркалца. Покриваме со капак и оставаме да издинста малку, промешувајќи од време на време.
3. Кога зеленчукот е омекнат, додаваме сусам, па оставаме уште минутка да се спои. Служиме топло.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови