30
мај
2015
Пилешко испечено на шише со пиво
Пилето измијте го и исушете го добро. Намачкајте се' надвор и од внатре со мекото масло, во кое претходно сте помешале зачини и го оставете го 1-2 часа во фрижидер. Шишето со пиво се потопува во вода за да се измие полесно етикетата, по што се става во садот во кој ќе се пече. Пилето се мести на шишето. Во садот се додава 200 мл. вода, пивото се отвора и се става да се пече на 250 Ц. Како се загрее пивото за време на печењето тоа го топи пилето. Кога ќе престане да го топи вие на крајот на печењето го облејте го со сок кој е во садот. Пријатен апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови