Подготовка
1. Пилешките гради ги сечкаме на парчиња-залчиња.
2. Ги ставаме на масло или свинска маст да се испржат.
3. Кон крајот на пржењето ги додаваме зачините.
4. Промешуваме, па го додаваме киселото млеко и куркумата. Соединуваме и оставаме да врие околу 2-3 минути.
5. На крајот ги додаваме сечканиот кашкавал и лебните трошки. Мешаме додека да се растопи кашкавалот и сервираме.

Забелешка
Ова јадење може да го подготвите и со неутрална павлака како замена за киселото млеко, но тогаш се добива сосема друг вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани