Пилешки плескавици со лута пиперка и сирење
Пилешкото месо посолете го со сол.
Додајте му црн бибер и мелена лута црвена пиперка.
Ставете мелен црн бибер по вкус. Нарендајте го тврдото сирење и додадете ги ситно сецканата панцета. Јас ставив се во машинка и се е мелено.
Додадете го јајцето и лебните трошки, кромидот исто и замесете убаво. Нека се соединат состојките.
Ставете ја смесата во ладилник околу 30минутки.
Извадете ја потоаи формирајте плескавици. Редете ги на рамен сад. Откако се готови, почнете со пржењето. Ако пржите во тавче ставете масло и пржете на тивко. Ако ги правите на грил тава, јас не ставам воопшто масло.
Нека се заруменат па вадете ги на кујнска хартија.
Сервирајте со зеленчук на пареа или по ваша желба.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Eve go tvoeto velesko gomleze. Go pronajdov haha
Ќе гопратам и овој.
Сеуште нема вратено ниту еден рецепт. Ајде пишете на кој меил ги праќате, да не грешам јас некаде.
Jas pred 2 meseci imam isprateno stotici, no nema vrateno nitu eden
Se nadevam deka timot soglasno moznostite ke pocnat da gi vrakaat